/ Прочитано:

1.948

Правото на граѓаните за поднесување приговори и тужби во врска со парното греење

Граѓаните кои склучиле договор за снабдување со топлинска енергија, како и оние кои продолжиле да се снабдуваат со топлина преку новиот снабдувач со топлина, во секој случај имаат право да ја добиваат услугата за која плаќаат претплата и месечни фактури, вели  Владимир Кацарски, адвокат кој има повеќегодишно искуство во врска со предметите со парното греење.

„Согласно Законот за енергетика, како и според Правилата за снабдување со топлинска енергија од 27.03.2019 година, сите приклучени сопственици на станови кон системот на парно греење имаат право да добиваат редовно и стабилно снабдување со топлина во текот на грејната сезона. Со оглед дека во текот на зимските месеци, а тоа е сега во јануари 2022 година, веќе има најави за снежни врнежи и во главниот град Скопје, очекувано е парното греење да биде вклучено во периодот 06-22 часот секој ден“, вели адвокатот Кацарски.

Поплаките кои ги имаат граѓаните, образложува понатаму адвокатот, најмногу се однесуваат на два моменти:

  • првиот е подоцно вклучување и исклучување на централно греење за неколку часа од периодот 06 – 22 часот;
  • вториот е немање воопшто парно греење и покрај склучените договори за редовно снабдување со топлина.

Во првиот случај граѓаните можат со приговор да се обратат до снабдувачот со топлина и од него, секој поединечно или како група од една зграда, да побараат да го нормализира снабудвањето со топлина. Во овој случај, приклучените корисници, односно сопствениците на станови, за периодот кога добивале намалено греење во своите домови и други простории имаат право да побараат сразмерно намалување на испорачаните фактури од страна на снабдувачот.

Во вториот случај, снабдувачот грубо ги прекршил правата на своите корисници и како таков има обврска да го врати режимот на затоплување во нормала. И тука, како и во првиот случај, сопствениците на станови имаат право на поднесување приговор, со тоа што во случај ако им се испорача фактура за износ како да им испорачувал топлина а тоа не е случај, да поднесат тужба со цел укинување на фактурата и нејзино неплаќање.

Уште повеќе, корисниците кои се приклучени на парно кај снабдувач кој не испорачува топлина, а испорачува фактури како да го прави тоа, имаат право во секој случај да тужат заради нивните дополнителни и непланирани трошоци за загревање во текот на овие зимски месеци.

Поплаките на граѓаните за снабдувањето со топлинска енергија нотирани и во извештајот на Народниот правобранител

„Голем успех е пресудата на ЕСЧП во корист на граѓаните кои беа присилени да плаќаат сметки за парно греење“ – Александар Варела, адвокат

Пресуда на Стразбур во корист на граѓаните на кои им беше наметнато да плаќаат за парно греење иако не го користат

Пресуда на Стразбур во корист на граѓаните на кои им беше наметнато да плаќаат за парно греење иако не го користат

За граѓаните и станари неприклучени на парно греење правното мислење на Врховниот суд е голем аргумент

ПРЕСУДА НА УПРАВНИОТ СУД ВО КОРИСТ НА ГРАЃАНИН: БЕГ и Топлификација не смееле да ги прибираат неговите лични податоци

МЛАДИТЕ ПРАВНИЦИ И АДВОКАТИТЕ ДЕБАТИРАА: Обврската на граѓаните да плаќаат на надомест за топлинска енергија која не ја користат е противуставна

ПРЕСУДА ВО КОРИСТ НА ГРАЃАНИН КОЈ НЕ ПЛАЌАЛ СМЕТКИ ЗА ПАРНО ГРЕЕЊЕ: Нема правен основ за наплата на сметки за невклучено парно греење

М.В