/ Прочитано:

2.832

Правото на К-15 за администрацијата во Гранскиот колективен договор

Право на регрес за годишен одмор за администрацијата е утврдено во Гранскиот колективен договор за органи на државната управа, стручните служби на Владата на Република Северна Македонија, судовите, јавните обвинителства, казнено – поправните и воспитно –
поправните установи, државното правобранителство, општините, Градот Скопје и општините на градот Скопје, агенциите, фондовите и другите органи основани од Собранието на Република Северна Македонија.

Колективниот договор е потпишан и стапен на сила во 2020 година. Потписници на Колективниот договор се УПОЗ и Министерството за информатичко општество и администрација.

Во членот 21 од Договорот се пропишува дека вработениот има право на регрес за годишен одмор во висина од најмалку 9000,00 денари нето, под услов вработениот да работел најмалку шест (6) месеци во календарската година кај работодавачот.

Регресот за годишен одмор се исплатува еднаш во текот на годината, а најдоцна до крајот на тековната година.

Правото на регрес за годишниот одмор има и вработениот кој во текот на календарската година се вработил кај друг работодавач во смисла на овој колективен договор.

Одредбите се однесуваат и на општините, градот Скопје и општините во градот Скопје само доколку се предвидени средства за таа намена во буџетот на општините, градот Скопје и општините во градот Скопје.

Гранскиот колективен договор е склучен за период од 2 години со можност за продолжување со писмена спогодба на страните на договорот.
Овој колективен договор може да продолжи да важи ако страните на договорот, најдоцна 30 дена пред истекот на важењето склучат писмена спогодба со која ќе го продолжат важењето на овој колективен договор.

Доколку, се пропишува во Колективниот договор, не дојде до продолжување на овој колективен договор или склучување на нов по истекот на времето на важење, неговите одредби се применуваат и важат до склучување на нов или негово продолжување.

УПОЗ: Вработените опфатени со гранскиот колективен договор ќе добијат регрес за годишен одмор за 2021 година

ВЛАДА – УПОЗ: Во Буџетот за 2021 година за првпат да се предвиди регрес за годишен одмор за администрацијата

М.В