/ Прочитано:

3.057

Правото на одбрана се наоѓа во самата срж на правичното судење

Според Јустинијан, адвокатите се лица што ги решаваат споровите во граѓанските и кривичните постапки, со силата на својата одбрана, со остварување на запоставените и поддржување на разнишаните права.

„Тие не се помалку полезни за човечкиот род од оние што со својата борба и рани ги бранат својата татковина и татковците. Ние ги почитуваме оние што носат штит и оклоп, но тие не се единствените што се борат за нашето царство. Тоа го прават и адвокатите, мајстори во судницата, бидејќи и тие се борат со моќта на своите зборови, бранејќи ги надежта, животот и потомството на оние што страдаат“, вели Јустинијан.

Во време на сѐ поголема афирмација на човековите права, како едно од основните права гарантирано со голем број меѓународни акти, а меѓу другите почнувајќи од Универзалната декларација за човековите права, повеќе меѓународни акти и конвенции, Европската конвенција за човековите права, па сѐ до Уставот на РМ и Законот за кривична постапка, се кристализира правото на правично судење. Во самата срж на правото на правично судење се наоѓа и правото на одбрана.

Правото на одбрана, вели адвокатот Дељо Кадиев, е гарантирано со ЗКП од 2010 годинакаде што во член 71 е стипулирано дека секое осомничено лице има право на бранител во текот на целата кривична постапка против него, што значи во сите стадиуми на кривичната постапка. Положбата на обвинетиот и неговиот бранител треба да биде изразена преку т.н. „еднаквост на странките“ пред судот. Организацијата на ОБСЕ, истакнува адвокатот Кадиев, во еден извештај вели:

 „Во практиката најдобар начин за воедначување на положбата на странките е обвинетиот да добива помош од бранител во процесот на договарање“ (Извештај на ОБСЕ за договорите за признавање на вина од 2006 г.).

„Потребата од бранител е особено изразена и во САД, како држава во којаконцептот на акузаторна кривична постапка, каква што е преземена со ЗКП од 2010 година, се негува долг временски период и се развива и унапредува постојано. И во САД на правото на одбрана се посветува големо внимание. За одбележување е одлуката на Врховниот суд во случајот ‘Хaлингер vs. Дејвис’ од 1892 година каде што судијата не го прифатил признанието на вина на осомничениот и три пати го одлагал судењето сѐ додека на обвинетиот не му бил определен бранител.  Дури откако признанието на вина било дадено во присуство на бранителот, тоа е прифатено од страна на судот. Оттука, значајна е улогата на одбраната во кривичната постапка,а значајноста на улогата на бранителот особено се огледа низ неколку сегменти на акузаторната кривична постапка прифатена во ЗКП од 2010 година“, вели Кадиев.

Судот, јавното обвинителство и адвокатурата, како носител на одбраната во кривичната постапка, се во меѓусебна силна корелација и остварувањето на основната функција на судот, а тоа е правораздавањето, не може да се оствари без постоење и учество ниту на обвинителството ниту на адвокатурата.

„Стручноста не само на судиите туку и на јавните обвинители и бранителите во еднаква мера е во функција наостварување на начелото на правичност. Ова е  така поради тоа што секој систем е онолку силен колку што е силна неговата најслаба алка,па затоа ниту една страна не треба да биде запоставена ниту занемарена, за да може да функционира правосудството и да се остварува неговата основна функција, а тоа е доследна примена на законот“, истакнува адвокатот Дељо Кадиев, во своето излагање подготвено за советувањетона тема „Новата улога на јавниотобвинител, судија на претходнапостапка, правосудна полиција иодбраната– систем на овластувања и меѓусебна контрола“во организација на Академијата за судии и јавни обвинители.

M.В