Правото на регрес за годишен одмор
Хелсиншкиот комитет за човекови права подготви правен осврт и мислење во однос на правото на регрес за годишен одмор (К-15) со цел потемелно да ги информира работниците околу остварувањето на ова право.
„Само преку јасни критериуми и постапки за утврдување дали, а доколку е тоа случај, во колкав обем, работодавачот навистина се соочува со финансиски потешкотии во работењето, ќе може да се постигне правна сигурност во однос на спорните одредби. Фирмата што има финансиски тешкотии е обврзана да прати писмено известување до гранковиот синдикат и потоа со својата синдикална организација да го утврди помалиот износ. Теоретски, ваквиот пристап ги заштитува работниците од злоупотреби, но со оглед на тоа што голем дел од фирмите немаат своја синдикална организација, работодавачите имаат право тоа да го направат со претставник на вработените. Оттука, неизбежно е Државниот инспекторат за труд да посвети должно внимание за да истражи како во секој поединечен случај се назначува претставникот и да процени дали фактите врз основа на кои била направена проценката го задоволуваат критериумот за финансиски потешкотии во работењето“, се вели во правниот осврт на Хелсиншкиот комитет, чиј текст може да се преземе во целост на следниот линк: Правен осврт и мислење по однос на правото на регрес за годишен одмор.
Нејасните закони, големите глоби и двојните казни – проблем за работењето на фирмите
Исплата на регрес за годишен одмор
Глобите за работодавачите во новите законски измени за минималната плата
Законот за зголемување на минималната плата пред Комисијата за труд
Законот за зголемување на минималната плата на собраниска седница по скратена постапка
„Фајнанс тинк“ за предложениот пораст на минималната плата
М.В