Пред голем број учесници, Академик одржа уште една обука за Законот за јавните набавки
Академик одржа уште една обука за новиот Закон за јавните набавки, на која предавач беше Кирил Каранфилов, претседател на Државната комисија за жалби по јавни набавки и долгогодишен експерт од областа на јавните набавки. Каранфилов ќе биде предавач и на обуката во организација на Академик која ќе се одржи на 26 март поради големиот интерес.
Пред бројните учесници предавачот Каранфилов говореше за новините во Законот во контекст на тоа какви обврски и одговорности ќе имаат учесниците во постапката, потоа за тоа кои се најзначајните новини со кои се означува реформата во системот за јавни набавки и кој е критериумот за избор на најповолна понуда.
„Овие обуки во организација на Академик се многу корисни за нас и многу ни значи што се организираат континуирано токму на темата за јавните набавки, за која има голем интерес“, велат учесниците на обуката.
Тие додаваат дека за нив како професионалци од практиката најважни се дискусиите за клучните измени во поглед на критериумите за доделување договори за јавни набавки, за посебниот систем за е-пазар за набавки од мала вредност, за новите постапки за јавни набавки и за понудата во форма на електронски каталог.
„Обуката беше одлична. Предавачот беше добро подготвен и одлично го пренесе своето знаење“.
„Организацијата на обуката беше одлична“.