Предлог на закон за изменување на Законот за Академија за судии и јавни обвинители ( СОБРАНИЕТО ГО ДОНЕСЕ ЗАКОНОТ)
Среда, 6 февруари 2013 – Предлог-законот за изменување на Законот за Академија за судии и јавни обвинители е на прво читање на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците. Целта на законското решение чии предлагачи се пратеници од владејачката партија е слушателите на почетна обука во Академијата за судии и јавни обвинители наместо 50% од износот на плата на виш судски советник во основен суд да имаат право на надоместок на плата во целосен износ.
Oбјаснување на содржината на одредбите на предлог законот
Предлогот на законот за изменување на Законот за Академија за судии и јавни обвинители содржи 2 члена.
Со првиот член се врши измена на член 57 ставот (2) и се пропишува дека слушателите на почетна обука и кандидатите на почетна обука во Академијата наместо 50% од износот на плата на виш судски советник во основен суд ќе имаат право на надоместок на плата во целосен износ како платата на виш судски советник во основен суд.
Членот 2 од Предлогот го уредува влегувањето во сила на законот.
За спроведување на овој закон, се потребни дополнителни финансиски средства од Буџетот на Република Македонија во износ од 1.869.948,оо денари за 2013 година, 13.162.404,оо денари за 2014 година и 13.162.404,оо денари за 2015 година.