Предлог на закон за изменување на Законот за судовите (второ читање)
Четврток, 11 април 2013 – Предлог-законот за изменување на Законот за судовите е на второ читање на на седница на Собрание. Импликатор на измените на Законот за судови е новиот Закон за кривична постапка со кој се предвидуваат измени во структурата на претходната и судската постапка и во надлежностите и организацијата на главните учесници во постапката. Ова иницира измени на надлежностите на основните судови.
Содржина на одредбите на Предлог-законот
Предлогот на Законот за изменување на Законот за судовите содржи четири члена.
- Со членот 1 се менува постојната надлежност на основните судови во кривични предмети да водат истрага и се пропишува надлежност на судијата за претходна постапка за заштита на слободите и правата на обвинетиот, согласно одредбите од новиот Закон за кривичната постапка.
- Истата измена е содржана и во членот 2 од Законот и таа се однесува за основните судови со проширена надлежност.
- Со членот 3 примената на посебните услови за избор на судија во Врховниот суд на Република Македонија и во апелационите судови се поместуваат и овие услови наместо од 1 јули 2013 година ќе започнат да се применуваат од 1 јануари 2013 година. Оваа одредба е изготвена согласно активностите предвидени во пристапниот дијалог на високо ниво меѓу Република Македонија и Европската унија.
- Со членот 4 се пропишува влегувањето во сила и започнувањето со примена на законот.