/ Прочитано:

1.388

Предлог-план за ветинг во МВР и Предлог-закон за измени на Законот за одбрана

„Владата ги разгледа и ги усвои информацијата и Предлог-планот за мерки, активности и динамика на спроведување на процесот на проверка (ветинг) на вработените во Министерството за внатрешни работи и го задолжи министерот за внатрешни работи најдоцна до 21 октомври 2019 година да ја формира работната група утврдена за спроведување на процесот на ветингот на вработените во Министерството за внатрешни работи и преку претседателот на Собранието на Република Северна Македонија да побара во работната група да земат учество најмногу тројца претставници од политичките партии во Собранието на Република Северна Македонија, кои ќе бидат во улога на набљудувачи на процесот на ветинг во Министерството за внатрешни работи“, соопштуваат од Владата.

Планот го изработи работната група во која, покрај претставници на Министерството, учествуваат и претставници на академската заедница, Македонскиот полициски синдикат, ОБСЕ, Амбасадата на САД, како и претставници од невладиниот сектор.

„Исто така, на вчерашната седница министрите во Владата го разгледаа и го утврдија новиот текст на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за одбрана, и донесоа одлука тој да биде доставен до Собранието на Република Северна Македонија на усвојување.

Законот за одбрана се менува и се дополнува со цел да се усогласи законодавството од областа на одбраната со обврските и правилата во НАТО, особено во сегментот на применливоста на членот 5 од Северноатлантскиот договор. Овој член ја уредува надлежноста на Владата за одлучување за влегување и излегување на вооружени сили на странски држави, внатре и надвор од територијата на Републиката, поминување или престој во врска со учество на вежби, обука, хуманитарни операции, меѓународни операции, НАТО мисии и операции и во примената на правото на индивидуална или колективна самоодбрана, операции за кризен менаџмент и кооперативна безбедност, како и во команди, штабови и воени единици на меѓународни организации на територијата на Републиката“, додаваат од Владата.

МВР ќе подготвува посебен закон за ветинг во полицијата

Трибина за ветингот во МВР

М.В