/ Прочитано:

873

Предлог за именување Јавен обвинител на Република Македонија

Понеделник, 21 јануари 2013 – Предлогот за именување јавен обвинител на РМ се очекува да биде усвоен на денешната собраниска седница. Владата на РМ за државен јавен обвинител го предложи Марко Зврлевски, досегашниот претседател на скопското Јавно обвинителство. 

По спроведената постапка за именување на јавен обвинител на РМ, од страна на Собранието на РМ, како единствен кандидат по Одлуката за огласување на Јавен обвинител на РМ се пријави само Марко Зврлевски кој е јавен обвинител во Основното јавно обвинителство во Скопје, стои во предлогот. 

Исто така, Владата побара и мислење од Советот на јавни обвинители, од каде се изјаснија со позитивeн став за пријавениот кандидат.