Предлог-закон: Да се зголеми износот на забраната за плаќање со готовина на стоки и услуги од 500 на 3.000 евра
Пратеникот Ејуп Алими во Собранието предложи измени на измени на Законот за изменување на Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам.
„Со Предлог-законот за изменување на Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам ќе се зголеми износот за плаќање со готовина на стоки и услуги во вид на една или повеќе очигледно поврзани трансакции, што не е извршено преку банка, штедилница или преку сметка во друга институција која дава платежни услуги“, се вели во законското образложение.
Со предложените измени се интервенира во членот 182 во ставот (2), со кој досегашниот износ до 500 евра за готовински плаќања за една или повеќе очигледно поврзани трансакции кои не се извршени преку банка, штедилница или преку сметка во друга институција која дава платежни услуги се зголемува на 3.000 евра.
Од 1 јуни забрана за плаќање со готовина на стоки и услуги во износ од 500 евра
М.В