Предлог-закон: Работодавците што ќе ги зголемат платите ќе добијат субвенции за придонесите од социјално осигурување
Министерството за труд и социјална политика го подготвува Предлог-законот за субвенционирање на придонесите од задолжително социјално осигурување поради зголемување на плата. Со овој закон, посочуваат од МТСП, ќе се уредат висината, условите и начинот на субвенционирање на придонесите од задолжително социјално осигурување по основ на зголемување на плата.
„Целта на Предлог-законот е да се стимулира зголемување на платите на вработените во приватниот сектор преку финансиска поддршка за работодавците кои ќе извршат зголемување на платата на вработените. Поради тоа се наметна потребата од законско регулирање на мерка за субвенционирање на придонеси од задолжително социјално осигурување како финансиска поддршка од Буџетот на РСМ“, велат од Министерството за труд и социјална политика.
М.В