/ Прочитано:

893

Предлог-закон во врска со Одлуката за склучување на анекс на договорот за концесија

Во собраниска процедура  е Предлог на закон за даночно ослободување со цел реализирање на одлуката за склучување на анекс на договорот за концесија за промена на намената на дел од средствата. Предлагач на Законот, кој е поднесен по скратена постапка, е Владата.

„Со Предлог законот за даночно ослободување со цел реализирање на одлуката за склучување на анекс на договорот за концесија за промена на намената на дел од средствата, се уредуваат условите, начинот и постапката за остварување на даночното ослободување од данокот на додадена вредност за прометот на добра и услуги извршени врз основа на поединечните договори согласно Одлуката за склучување на анекс на договорот за концесија за промена на намената на дел од средствата (Службен весник на Република Северна Македонија бр. 295/20 и 138/21) со цел олеснување на прометот помеѓу давателот на промет и примателот на истиот“, се вели во законското образложение.