/ Прочитано:

1.156

Предлог-закон за енергетска ефикасност и предлози за можни субвенции при купување на нови возила

Владата го разгледа и го утврди новиот текст на Предлог-законот за енергетска ефикасност, и донесе одлука да го достави на усвојување до Собранието на Република Северна Македонија.

„Целта на овој закон е да се обезбеди намалување на енергетските потреби и потрошувачката преку ефикасно користење на енергијата и да го намали негативното влијание врз околината. Со новите законски мерки ќе се зголеми енергетската ефикасност во областа на домувањето и градежништвото, ќе се зголеми енергетската ефикасност во јавниот сектор, кај големите трговци и во транспортниот сектор, и ќе се постигне поголем степен на искористување на обновливите извори на енергија.

Во насока на остварување на стратешките цели на Владата за заштита на животната средина, на оваа седница Владата ја разгледа и ја усвои информацијата за нацрт-предлозите за можните видови субвенции при купување на нови возила и го задолжи Министерството за економија, во соработка со Кабинетот на заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Министерството за финансии и Царинската управа на РСМ, како и со претставник на здружението на увозници на автомобили, да формира работна група која ќе направи анализа за начинот и можностите за субвенционирање во согласност со предложената програма“, соопштуваат од Владата.

Се подготвува Закон за енергетска ефикасност

М.В