Предлог – закон за изменување и дополнување на законот за безбедност на храната
Минатата недела, на платформата ЕНЕР, беше поставено Известување за почеток на процесот за подготовка на Предлог закон за изменување и дополнување на Законот за безбедност на храната.
Како што е наведено во известувањето, „Со Закон за безбедност на храната се изврши транспонирање на релевантните ЕУ акти во националното законодавство со кои се уредува предметната област. Меѓутоа, имајќи ги во предвид последните измени во законодавството на Европската унија се јави потреба од понатамошно хармонизирање на националното законодавство со ЕУ. Исто така, со предлог-измените и дополнувањата се врши и понатамошно уредување на барањата во врска со регистрирањето на објекти и оператори со храна од животинско потекло за операторите кои се правни лица, како и за оние кои се физички лица, како и детално се пропишуваат документите кои правните и физичките лица треба да ги приложат до Агенцијата за регистрирање или одобрување на објекти и оператори со храна од животинско потекло.“
Цел на предлог законот „е да се изврши транспонирање на релевантните ЕУ регулативи во националното законодавство, како и да се олесни постапката на одобрување на нутритивните и здравствените тврдења, збогатената храна и додатоци на исхрана, производи и материјали што доаѓаат во контакт со храната, адитиви, ензими, ароми, храна и состојки на храна произведени со иновирани технологии и тн. и се врши понатамошно уредување на барањата во врска со регистрирање и одобрување на објекти и оператори со храна од животинско потекло.“