/ Прочитано:

1.317

Предлог – закон за изменување и дополнување на Законот за субвенционирање на станбен кредит ( СОБРАНИЕТО ГО ДОНЕСЕ ЗАКОНОТ)

Вторник, 12 февруари 2013 – Предлог – закон за изменување и дополнување на Законот за субвенционирање на станбен кредит, по скратена постапка е на седница на Собранието. Преку измените, наместо 50 отсто субвенција колку што досега можеа да добијат граѓаните за проектот „Купи куќа, купи стан“, сега таа се зголемува на 75 %. Ако корисникот сака предвреме да го исплати кредитот, ќе може тоа да го направи, но по 10 години од користењето на кредитот, корисникот нема да и’ ја врати субвенцијата на државата. 

Со измените на Законот за субвенционирање на станбен кредит се доуредуваат моделите на субвенција за субвенционирање на станбен кредит за изградба на нова куќа, а се овозможува и добивање на субвенциониран станбен кредит кога корисникот има куќа во негова сопственост, во сопственост или заедничка сопственост со брачниот другар или во сопственост на брачниот другар на територијата на Република Македонија, а ќе ја сруши заради изградба на поголема куќа за потребите на сопственото домување, стои во Предлогот.

Кредитот што физичкото лице го зема од деловната банка за купување на стан или изградба/купување на куќа се субвенционира со средства од Буџетот на Република Македонија, на начин што од буџетот на Министерството за финансии се плаќа:

  • половина од месечниот ануитет во првите пет години од неговата отплата за купување нов стан, односно 75% од месечниот ануитет во првите пет години од неговата отплата за изградба/купување на нова куќа или
  • половина од учеството за станот кое не смее да надмине 25% од максималната субвенционирана вредност на станбениот кредит т.е. не повеќе од 6.250 евра во денарска противвредност, односно 75% од учеството за куќата кое не смее да надмине 25% од максималната субвенционирана вредност на станбениот кредит т.е. не повеќе од 9.375 евра во денарска противвредност.
Доколку корисникот сака предвреме да го исплати кредитот, тој тоа ќе може да ги направи по истекот на најмалку 10 години од користењето, со тоа што кориснико нема да треба да и’ ја врати субвенцијата на државата.