/ Прочитано:

961

Предлог – закон за катастар на недвижности (СОБРАНИЕТО ГО ДОНЕСЕ ЗАКОНОТ)

Понеделник, 25 февруари 2013  Предлог-законот за катастар на недвижности е на второ читање на Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. Основна цел на Предлог – законот е воведување на нови законски решенија кои ќе овозможат собирање, регистрирање и обезбедување сигурни геопросторни податоци и податоци за недвижностите и запишаните права, воспоставување на катастар на инфраструктурни објекти, воспоставување Графички регистар за градежно земјиште и Графички регистар за улици и куќни броеви, како и пресметување на вредноста на недвижностите, за општата јавност и бизнис-секторот, со тоа придонесувајќи кон македонскиот економски развој.

Во Предлог – Законот за катастар на недвижности се содржани одредби со кои се регулираат активностите поврзани со одржувањето на катастарот на недвижностите, основните геодетски работи, топографските карти, Регистарот на просторни единици, сите како дел од ГКИС, како и трансформацијата на Комората на овластени геодети во Комора на трговци поединци овластени геодети и трговски друштва за геодетски работи.

Предлог – Законот за катастар на недвижности содржи и одредби со кои се овоможува проширување на надлежностите на Агенцијата за катастар на недвижности во насока на воспоставување катастар на инфраструктурни објекти како дел од катастарот на недвижности, воспоставување и водење Графички регистар за градежно земјиште и Графички регистар на улици и куќни броеви, како и одредби за пресметување на вредноста на недвижностите и закупнините, како материја која досега не беше уредена со Законот за катастар на недвижности.

– Консултации по предлог текстот на законот беа извршени со имателите на инфраструктурните објекти, Комората на овластени геодети, Нотарската комора на Република Македонија, како и со ресорните министерства, се наведува во материјалот поднесен до Собранието од страна на Министерството за правда.

Предлогот на Закон за катастар на недвижности содржи 271 член систематизирани во 19 глави.

За спроведување на овој закон се потребни финансиски средства во висина од 5.583.000,00 денари, кои како што се наведува во предложениот материјал  Агенцијата ќе ги обезбеди од сопствени приходи.