Предлог – закон за матичен број ( СОБРАНИЕТО ГО ДОНЕСЕ ЗАКОНОТ)

Понеделник, 23 септември 2013 – Предлог законот за матичен број во второ читање е на разгледување на собраниска седница. Со понуденото законско решение треба да се прецизира структурата на матичниот број, и да се направи јасна дистинкција помеѓу матичниот број на граѓанинот на РМ и матичниот број на странецот, стои во Предлогот на Министерството за внатрешни работи. 

Предложено законско решение ги уредува структурата, определувањето, поништувањето и евиденцијата на матичниот број на граѓанинот на РМ и матичниот број на странецот. 

Матичниот број на граѓанинот се состои од 13 цифри групирани во шест групи и тоа:

  •          I група: ден на раѓањето (две цифри),
  •         II група: месец на раѓањето (две цифри),
  •        III група: година на раѓањето (три цифри),
  •        IV група: регистрационо подрачје (две цифри),
  •        V група: комбинација на полот и редниот број за лица родени на ист датум (три цифри) и тоа за мажи од  000  до 499, а за жени од 500 до 999 
  • VI група: контролен број (една цифра).

„Четвртата група на цифри во матичниот број на граѓанинот ја сочинуваат ознаки од 41 до 49 според кои се означуваат регистрационите подрачја во кои матичниот број е определен. Регистрационите подрачја се единици на локалната самоуправа, односно група на единици на локалната самоуправа и населени места. Матичниот број на странецот се состои од 13 цифри групирани во шест групи. Четвртата група на матичниот број на странецот ја сочинува ознаката 04 за сите регистрациони подрачја во кои матичниот број е определен“, стои во Предлогот. 

>> Целосниот текст на Предлог законот за матичен број може да го прочитате

Предлог – закон за матичен број (СОБРАНИЕТО ГО ДОНЕСЕ ЗАКОНОТ)

Среда, 4 септември 2013 – Предлог законот за матичен број во второ читање е на разгледување на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. Со понуденото законско решение треба да се прецизира структурата на матичниот број, и да се направи јасна дистинкција помеѓу матичниот број на граѓанинот на РМ и матичниот број на странецот, стои во Предлогот на Министерството за внатрешни работи. 

Предложено законско решение ги уредува структурата, определувањето, поништувањето и евиденцијата на матичниот број на граѓанинот на РМ и матичниот број на странецот. 

Матичниот број на граѓанинот се состои од 13 цифри групирани во шест групи и тоа:

  •          I група: ден на раѓањето (две цифри),
  •         II група: месец на раѓањето (две цифри),
  •        III група: година на раѓањето (три цифри),
  •        IV група: регистрационо подрачје (две цифри),
  •        V група: комбинација на полот и редниот број за лица родени на ист датум (три цифри) и тоа за мажи од  000  до 499, а за жени од 500 до 999 
  • VI група: контролен број (една цифра).

„Четвртата група на цифри во матичниот број на граѓанинот ја сочинуваат ознаки од 41 до 49 според кои се означуваат регистрационите подрачја во кои матичниот број е определен. Регистрационите подрачја се единици на локалната самоуправа, односно група на единици на локалната самоуправа и населени места. Матичниот број на странецот се состои од 13 цифри групирани во шест групи. Четвртата група на матичниот број на странецот ја сочинува ознаката 04 за сите регистрациони подрачја во кои матичниот број е определен“, стои во Предлогот. 

>> Целосниот текст на Предлог законот за матичен број може да го прочитате тука

Предлог – закон за матичен број (СОБРАНИЕТО ГО ДОНЕСЕ ЗАКОНОТ)

Понеделник, 26 август 2013 – Предлог законот за матичен број во прво читање е на разгледување на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. Со понуденото законско решение треба да се прецизира структурата на матичниот број, и да се направи јасна дистинкција помеѓу матичниот број на граѓанинот на РМ и матичниот број на странецот, стои во Предлогот на Министерството за внатрешни работи. 