/ Прочитано:

1.137

Предлог-закон за ратификација на Договорот за автоматизирана размена на ДНК податоци

Во собраниска процедура е Предлог-законот за ратификација на Договорот меѓу страните на Конвенцијата за полициска соработка во Југоисточна Европа за автоматизирана размена на ДНК податоци, дактилоскопски податоци и податоци за регистрација на возила и Имплементацискиот договор на Договорот меѓу страните на Конвенцијата за полициска соработка во Југоисточна Европа за автоматизирана размена на ДНК податоци, дактилоскопски податоци и податоци за регистрација на возила.

„Преку овој Договор, Договорните страни имаат намера да ја зајакнат прекуграничната полициска соработка во делот на справување со закани по јавната безбедност што се однесуваат на спречување, откривање и истражување на кривичните дела.

За таа цел, автоматизирана размена на ДНК податоци, овој  Договор содржи правила за автоматизирана размена на ДНК податоци, дактилоскопски податоци и податоци за регистрација на возила и размена на расположливи лични податоци.

Според Договорот, страните потписнички треба да отворат и водат национални досиеја за ДНК анализи за целите на водење истраги за кривични дела и помош во идентификацијата на исчезнати лица“, се посочува во Договорот, кој е предмет на ратификација.

М.В