/ Прочитано:

1.317

Предлог-закон за ратификација на Спогодбата меѓу Македонија и Србија за заемно признавање на јавни документи за стекнато образование и за стручни, академски и научни звања

„Уверенијата за совладани образовни програми за доживотно учење, кои ги реализира високообразовна институција во рамките на својата активност, вонстудиските програми за кои има добиено дозвола за работа, се признаваат на територијата на секоја од договорните страни, но не претставуваат основа за признавање на стекнато високо образование и соодветно стручно, академско, односно научно звање“, се наведува во Спогодбата.

Илустрација

Владата на Република Македонија и Владата на Република Србија, водени од желбата за развивање на билатералната соработка во областа на образованието и науката, имаат склучено Спогодба за заемно признавање на јавни документи за стекнато образование и за стручни, академски и научни звања.

Во Предлог-законот за ратификација на Спогодбата, кој е доставен во Собранието на РМ, се наведува дека признавањето на јавните документи за стекнато образование ќе се врши во согласност со внатрешните законодавства на секоја земја.

„Уверенијата за совладани образовни програми за доживотно учење, кои ги реализира високообразовна институција во рамките на својата активност, вонстудиските програми за кои има добиено дозвола за работа, се признаваат на територијата на секоја од договорните страни, но не претставуваат основа за признавање на стекнато високо образование и соодветно стручно, академско, односно научно звање“, се наведува во Спогодбата.

За спроведување на оваа спогодба, страните заемно ќе достават информации за критериумите и постапките за признавање на јавни документи и навремено ќе се информираат за промените во своите образовни системи и стекнувањето на научни звања.

Заемното признавање на јавни документи секоја страна ќе го врши во согласност со утврдената постапка, во рок не подолг од три месеци од датумот на поднесената пријава.

Министерството за образование и наука ќе биде надлежен орган на државната управа што ќе се грижи за извршување на Спогодбата.