/Прочитано:

433

Предлог-закон за стратешки инвестиции во Република Македонија

„На 86-тата седница министрите ја прифатија информацијата во врска со утврдување на потребата за изработка на нов закон за стратешки инвестиции во Република Македонија. Владата го задолжи Министерството за транспорт и врски во рок од 3 дена од добиените номинации да формира работна група за изработка на предлог-закон за стратешки инвестиции во Република Македонија. Во исто време, неколку министерства, кабинетите на претседателот на Владата и на заменик-претседателот на Владата во рок од 5 дена да номинираат лице за работната група за изработка на предлог-закон за стратешки инвестиции во Република Македонија“, информираат од Владата на РМ.