/ Прочитано:

1.244

Предлог-закон за управување со дополнителни текови на отпад во собраниска процедура

Во собраниска процедура е Предлог-законот за управување со дополнителни текови на отпад. Предлагач на законот, кој е поднесен со европско знаменце, е Владата.

„Предлог-законот за управување со дополнителни текови на отпад (ЗДТО) ги вклопи четирите текови на отпад (отпаден текстил, отпадни гуми, отпадни масла и отпадни возила) во системот на проширена одговорност на производителот врз основа на веќе стекнатото позитивно искуство и значајни констатирани придобивки во управувањето со производите и отпадот од пакување, батерии и акумулатори и електрична и електронска опрема“, се посочува во законското образложение.

Предлог-законот, се вели во законското образложение,  обезбедува остварување на следните цели:

– одржливо производство и потрошувачка преку, како прв приоритет, спречување на создавање на отпадни гуми, отпадни масла, отпаден текстил и отпадни возила (отпадни производи) со повторна употреба, рециклирање и други видови на преработка на отпадот за намалување на нивното отстранување, како и ефикасно користење на ресурсите и добивање на вредни секундарни суровини;

– обезбедување систем за собирање на отпадните производи со цел постигнување на националните цели кои во објективно прифатлив рок ќе обезбедат собирање, преработка и рециклирање до нивото кое е постигнато во најголемиот број земји на Европската Унија, преку самостојни или колективни постапувачи;

– минимизирање на отстранувањето на отпадните производи како несортиран комунален отпад;

– обезбедување на еднакви услови за работа на производителите кои ги пласираат на пазарот овие производи, со чија употреба се создаваат отпадни производи, со цел да го реализираат својот удел во спроведувањето на одговорноста на производителот.

Со усвојување на Законот за управување со дополнителни текови на отпад во системот на одговорност на производителите и неговото спроведување ќе се обезбеди и заштита на животната средина и здравјето на луѓето како резултат на:

– забрана/ограничување за користење на опасни супстанции, со што се елиминира можноста да се загадат водите и почвата и загадувачките супстанции, да се вградат во синџирот на исхрана во случај да отпадните производи сепак завршат во природа или на други недозволени места за отстранување;

– стриктна примена на технички стандарди и на најдобри достапни техники и практики за собирните места, инсталациите за третман, преработка и рециклирање.

Предлог-закон за управување со отпадот во собраниска процедура

М.В