/ Прочитано:

1.052

Предлог-закон за управување со отпадот во собраниска процедура

Предлог-законот за управување со отпадот е во собраниска процедура со европско знаменце. Сите субјекти кои управуваат со отпадот, се посочува во законското образложение, се должни да преземат мерки и активности во согласност со начело на заштита на животната средина при управувањето со отпадот, начело на претпазливост, начело на загадувачот плаќа, начело на универзалност на услугите, начело на блискост и начело на одговорност на производителот во насока на постигнување на најдобри резултати за заштита на животната средина и здравјето на луѓето.

Во законското образложение се вели дека цели на овој закон се:

  • избегнување и во најголема можна мера, намалување на количеството на создадениот отпад,
  • искористување на употребливите состојки на отпадот,
  • постигнување на одржлив развој, преку зачувување и заштеда на природните ресурси,
  • спречување на негативните влијанија на отпадот врз животната средина, животот и здравјето на луѓето во согласност со принципите на циркуларната економија,
  • отстранување на отпадот на начин што е прифатлив за животната средина и
    висок степен на заштита на животната средина, животот и здравјето на луѓето и
  • апроксимација на националното со европското законодавство во областа на управувањето со отпадот.

Објавен нов Предлог-закон за управување со отпадот

Во подготовка измени на Законот за животната средина

Во подготвка нова регулатива за управувањето со отпадот

Измени на повеќе закони од областа на управувањето со отпадот

Се подготвува нов Закон за управување со отпад усогласен со правото на ЕУ

М.В