Предлог – Закон за заштита на физичките лица во врска со обработката на личните податоци за цели на спречување, истрага, откривање или гонење на кривични дела или за извршување на кривични санкции
Предлог – Законот за заштита на физичките лица во врска со обработката на личните податоци за цели на спречување, истрага, откривање или гонење на кривични дела или за извршување на кривични санкции е во собраниска процедура со европско знаменце. Предлагач на Законот е Владата.
„Заштитата на лични податоци е уставно загарантирана категорија која опфатена во членот 18 од Уставот на Република Северна Македонија каде се гарантираат сигурноста и тајноста на личните податоци. На граѓаните им се гарантира заштита од повреда на личниот интегритет штопроизлегува од регистрирањето на информации за нив преку обработка на податоците.
Усвојувањето на легислативата која обезбедува заштита на личните податоци преставува дел од процесот на преговрите меѓу Советот на Европа, Европскиот парламент и Европската Комисија, во кој 2015 година беше утврден пакет за заштита на лични податоци, составен од Директивата за заштита на личните податоци и Директивата за полиција.
Донесувањето на Законот за заштита на лични податоци („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 42/20) заедно со подзаконските акти објавени во („Службен весник на Република Северна Македонија “бр. 122/20) претставуваат значаен чекор во постигнување на хармонизацијата на прописите за заштита на личните податоци со кои се постигна усогласеност со кој целосно се транспонира Регулативата (ЕУ) 2016/679 на Европскиот парламент и на Советот за заштита на физичките лица во однос на обработката на личните податоци и слободното движење на овие податоци и за укинување на Директивата 95/46/ЕЗ (Општа регулатива за заштита на личните податоци), но постигнувањето на целосна хармонизација на национланото законодавство со правото на ЕУ во областа на заштитата на личните податоци ќе се постигне со транспонирање и на Директивата (ЕУ) 2016/680 на Европскиот парламент и на Советот од 27 април 2016 година (Полициската директива), во националното законодавство“, се вели во законското обралзожение.
Постоечкиот Закон за заштита на личните податоци („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 42/20) обезбедува заштитата на личните податоци како основни слободи и права на граѓаните, а особеноправата на приватност во врска со обработка на лични податоци, правата на субјектот на личните податоци во врска со обработката на личните податоци тајноста и заштитата на обработката на личните податоци, преносот на личните податоци во други држави, давањето на личните податоци на корисници, надлежностите на Агенцијата за заштита на личните податоци, супервизија над спроведувањето на овој закон и прописите донесени врз основа на овој закон, како и прекршоците и прекршочната постапка во оваа област, но за да се обезбеди во целост заштитата при обработката на личните податоци заради целите на спречување, истрага, откривање или гонење на кривични дела или за извршување на кривични санкции, при обработката на личните податоци при превенција, откривање и гонење на сторители на кривични дела, како и при обработка на лични податоци што се однесува на кривични дела, изречените казни и мерки на безбедност за извршени кривични дела, ќе треба да се донесе и овој Предлог на закон за заштита на физичките лица во врска со обработката на личните податоци за цели на спречување, истрага, откривање или гонење на кривични дела или за извршување на кривични санкции.
Во Законот за заштита на личните податоци („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 42/20) и покрај тоа што одредени законски норми изгледаат како да регулираат иста состојба при заштитата на личните податоци сепак со донесувањето на „Закон за заштита на физичките лица во врска со обработката на личните податоци за цели на спречување, истрага, откривање или гонење на кривични дела или за извршување на кривични санкции„ покрај транспонирањето на ЕУ Директива 2016/680 (Полициска директива), ќе се обезбеди и поголема заштита на физичките лица при обработката на нивните лични податоци заради спречување на криминалот и откривање и гонење на сторителите, а воедно ќе се обезбедат европски стандарди при заштита на правата и слободите на физичките лица во врска со заштитата при обработката на личните податоци како фундаментално право, како и да се постави законска рамка при размена на личните податоци помеѓу надлежните органи.
„Хармонизација на националното законодавство со одредбите на Директивата (ЕУ) 2016/680 е потребна со цел да се обезбедат европски стандарди при заштита на правата и слободите на физичките лица во врска со заштитата при обработката на личните податоци како фундаментално право, како и да се постави законска рамка при размена на личните податоци помеѓу надлежните органи.
Директивата (ЕУ) 2016/680 е законодавен акт на ЕУ со кој се утврдуваат правилата за заштита на лицата во врска со обработката на лични податоци од страна на надлежните органи, заради спречување, истрага, откривањеили гонење на кривични дела или извршување на кривични санкции и за слободно движење на такви податоци.
Предмет на овој закон е уредување на прашањата кои што се однесуваат исклучиво на заштита на лични податоци за цели на спречување, истрага, откривање или гонење на кривични дела или за извршување на кривични санкции заради што се предлага и донесување на истиот како посебно законско решение .
Усогласување со Европската Директива 2016/680 со донесување на овој закон со кој ќе се транспонираат одредбите од ЕУ Директивата 2016/680 за заштита на физичките лица во процесот на обработката на личните податоци за цели на спречување, истрага, откривање или гонење на кривични дела или за извршување на кривични санкции и со кој на национално ниво во согласност со ЕУ стандардите ќе се уреди заштитата на физичките лица во врска со обработката на личните податоци од страна на надлежните органи за цели на спречување, истрага, откривање или гонење на кривични дела или за извршување на кривични санкции, вклучувајќи и заштита и спречување на закани во однос на јавната безбедност“, се додава во образложението.
Основната цел на предлог Законот е да се обезбеди заштита на основните права и слободите на физичките лица, а особено нивното правото на заштита на личните податоци како и да се обезбеди размена на личните податоци помеѓу надлежните органи, предвидена со закон, без притоа да се ограничи или забрани истата, од причини кои се однесуваат на заштитата на физичките лица во врска со обработката на нивните лични податоци.
Целта на овој Закон исто така е да обезбеди законска и правична обработка на личните податоци на начини утврдени во одредбите од законот и тоа истите да се собираат за конкретни, јасни и легитимни цели дека истите нема да се обработуваат на начин што не е во согласност со тие цели.
Се утврдуваат обврски за усогласување на работењето на контролорите и обработувачите во рокови дадени во законот, со преземање на мерки за усогласување на автоматските системи за обработка на личните податоци воспоставени пред влегувањето во сила на овој закон со одредбите на членовите 21, 26 и 30 од овој закон најдоцна до 6 мај 2023 година.
Една од базичните причини за донесувањето на Законот е заокружување процесот на усогласување на националното законодавството со правото на ЕУ, преку транспонирање на Европската Директива 2016/680.
М.В