/ Прочитано:

1.815

Предлог-законот за Академијата за судии и јавни обвинители пред Комисијата за политички систем

Предлог-законот за Академијата за судии и јавни обвинители е на прво читање пред Комисијата за политички систем. Новиот Закон за Академијата за судии и јавни обвинители во собраниска процедура е предложен со европско знаменце.

Донесувањето на Законот за Академијата за судии и јавни обвинители, се вели во законското образложение, произлегува  од потребата  за реформа на судството во Република Северна Македонија, зацртана во Стратегијата за реформа на правосудниот сектор, стратегиската цел на Република Северна Македонија за членство во ЕУ и НАТО и  потребата  за остварување на преземените обврски  за спроведување на ефикасни и континуирани реформи во судството базирани  на европските стандарди.

„Основната намера на Владата на Република Северна Македонија за членство во Европската Унија налага продолжување на реформите во областа судство и негово натамошно унапредување.

Основната цел на предлагањето на овој закон е содржана како стратешка цел во Стратегијата за реформа на правосудниот сектор дефинирана како: воедначување на судската пракса преку зголемен обем на обуки на судиите во рамките на Академијата за обука на судии и јавни обвинители, нови законски критериуми за состав на органите на управување и раководење на Академијата, како и редефинирање на начин на полагање на приемниот и завршниот испит врз основа на мерила и објективни критериуми за проценка на  знаењата на кандидатите.

Од наведените причини, се оцени дека е неопходно да се пристапи кон изработка на нов текст на закон од причина што истиот би претрпел менување на повеќе од 80% од одредбите“, се посочува во законското образложение.

Комисиска расправа за новиот Предлог-закон за Академијата за судии и јавни обвинители

Новиот Закон за Академијата за судии и јавни обвинители со европско знаменце во собраниска процедура

Објавен Предлог-законот за Академијата за судии и јавни обвинители

Министерството за правда подготвува нов Закон за Академијата за судии и јавни обвинители

Прифатен Годишниот извештај за имплементација на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор 2017 – 2022

Усвоен Првиот годишен извештај за имплементација на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор

Советот за Стратегијата за реформи на правосудниот сектор: Потребна е реформа на Академијата за судии и јавни обвинители

Формиран Советот за следење на имплементација на Стратегијата во правосудството 2017 – 2022

Усвоена Стратегијата за реформи во правосудниот сектор

М.В