Предлог-законот за долговите на јавните претпријатија на собраниска седница
Целта на Предлог-законот за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на јавни претпријатија е олеснување на нормалното функционирање на јавните претпријатија и реализација на нивните развојни активности.
„Со ова законско решение се очекува надминување на проблемите на јавните претпријатија основани од општините, особено долговите преземени од страна на општините како нивни основачи, кои го доведуваат во особено отежнати услови нивното нормално финансиско работење и реализација на развојните активности. Проблемот се должи на огромниот износ на средства во рамки на утврдениот долг кои се по основ на камати на јавните претпријатија кон државните органи и институции и установи основани од Републиката.
Се предвидува задолжителен отпис на каматите од страна на доверителите, како и репрограмирање на долговите и трошоците на јавните претпријатија, со цел нормално функционирање на јавните претпријатија и непречена реализација на нивните развојни активности“, се посочува во образложението на законот, чиј предлагач е Владата.
M.В