/ Прочитано:

1.165

Предлог-законот за електронско управување и електронски услуги пред Комисијата за транспорт и врски

Предлог-законот за електронско управување и електронски услуги_е на второ читање пред собраниската Комисија за транспорт и врски. Со овој закон се обезбедува ефикасно и ефективно спроведување на надлежностите на органите и институциите, како и надлежностите, правата и овластувањата на субјектите кои обезбедуваат услуги од јавен интерес, врз основа на утврдени стандарди и процедури, во согласност со одредбите на овој закон и посебните закони, сето во функција на обезбедување на електронски услуги за корисниците на овие услуги.

Овој закон, се вели понатаму во законското образложение, ја уредува работата на министерствата, другите органи на државната управа, управни организации и единиците на локалната самоуправа при размена на податоци и документи во електронска форма, односно остварување на електронски услуги, кога тоа е утврдено со закон.

Дополнително, со овој закон се уредува и работата на судовите, јавните обвинителства и државното правобранителство, правни лица на кои со закон им е доверено да вршат јавни овластувања, правни лица кои даваат и обезбедуваат услуги од јавен интерес, односно субјекти од областа на образованието, здравството, финансиите, банкарството, осигурувањето, енергетиката, водоснабдувањето, електронските комуникации, поштенските услуги и комуналните услуги при размена на податоци и документи во електронска форма, односно остварување на електронски услуги, кога тоа е утврдено со закон. Одредбите на овој закон се применуваат и на работата на физички и правни лица при остварување на административни услуги по електронски пат.

„Поради брзиот технолошки развој и динамичното секојдневие на граѓаните на Република Северна Македонија, се наметна потребата од воспоставување на Национален портал за електронски услуги, Каталог на услуги и Една точка за услуги, како и нивно законско утврдување. Националниот портал за услуги и Каталогот на услуги ќе имаат повеќе функционалности. Електронските услуги ќе бидат достапни до највисоко ниво на софистицираност, односно од моментот на поднесување на барање за некоја услуга до самото добивање на актот.

Со оглед на сложеноста на материјата којашто е разработена во самиот текст од Законот, како и неговата поврзаност со европското законодавство, Министерството за информатичко општество и администрација обезбеди и соодветна помош за правна експертиза од домашни експерти и еден меѓународен експерт за оваа правна област. При анализата на позитивната законска регулатива, констатирано е дека позитивниот Закон за електронско управување е најсоодветно да содржи дел од одредбите од сегашната содржина, редефинирани и усогласени со технолошкиот развој, но и сосема нови одредби кои се однесуваат на електронски услуги. Оттука, произлезе и текстот на предложениот Закон за електронско управување и електронски услуги“, се вели во законското образложение.

Ќе се воспостави Централен регистар на население кој ќе содржи и лични податоци на граѓаните

 

Законите за електронски услуги, за електронски документи и за регистар на население влегуваат во собраниска процедура

Јавна трибина за Законот за централен регистар на население и за Законот за електронско управување и електронски услуги

МИОА ги објави законите за централниот регистар на население, за електронското управување и за електронските документи

Кои лични податоци на граѓаните ќе ги содржи базата на податоци за воспоставување електронски регистар на население

Законот за централен регистар на население во фаза на подготовка

Владата најавува Регистар на население кој би можел да го замени пописот

Објавени Предлог-законот за централен регистар на население и Предлог-законот за електронско управување и електронски услуги

Се подготвува и Законот за електронско управување и електронски услуги

Предлог-законот за бесплатна правна помош и Предлог-законот за електронско управување влегуваат во собраниска процедура

Законски ќе се утврдува содржината на барањата за административните услуги по електронски пат

М.В