/ Прочитано:

776

Предлог-законот за изменување на Законот за Владата

„Законот за Владата на Република Македонија содржи одредби кои се однесуваат на организацијата и начинот на работа на Владата на Република Македонија. Со овој предлог се предвидува бришење на одредби за начинот на избор на Владата на Република Македонија кои првично беа донесени во функција на  организирање на предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Македонија кои се одржаа во 2016 година, а истите предвидуваа сто дена пред одржувањето на избори за пратеници Собранието на Република Македонија да избере нова, преодна Влада за спроведување на избори на пратеници.

Целта на предлогот на законот е бришење на одредби за функционирање на Владата на Република Македонија кои беа донесени заради организирање на предвремените избори за пратеници во 2016 година“, се вели во образложението на Предлог-законот поднесен од група пратеници од опозицијата.

М.В