/ Прочитано:

1.292

Предлог-законот за јавните набавки на собраниска седница

Новиот Предлог-закон за јавните набавки, кој е во фаза на второ читање и со европско знаменце, е на дневен ред на денешната собраниска седница.

„Новиот Закон за јавни набавки е усогласен со законодавството на Европската Унија. Тој ќе обезбеди рационално трошење на државните пари, слободна и фер конкуренција и транспарентност при јавните набавки“, истакна министерот за финансии, Драган Тевдовски, на комисиската расправа за Предлог-законот во Собранието на РМ, додавајќи дека она што е најважно е што се воведува економски најповолната понуда како единствен критериум за доделување на договорите.

Со воведувањето на економски најповолната понуда како критериум за доделување на договорите, освен што се врши усогласување со директивите, се отстрануваат и повеќекратните негативни ефекти од досегашното користење на критериумот најниска цена.

Една од клучните новини во Законот е концептот на одржливи јавни набавки, вели за Академик Кирил Каранфилов, претседател на Државната комисија за жалби по јавни набавки и долгогодишен експерт од областа на јавните набавки.

„Новиот Закон за јавните набавки е целосно усогласен со директивите на ЕУ од 2014 година и ги следи сите промени и трендови на ниво на ЕУ. Како држава, и до 2012 година бевме со високо ниво на усогласеност со директивите на ЕУ, меѓутоа со подоцнежните чести законски измени отстапивме од таа усогласеност. Меѓутоа, сега со новите решенија, кои се во собраниска процедура, повторно ја имаме усогласеноста со европската регулатива. Сепак, за самиот закон најважна ќе биде неговата имплементација и одењето на потешкиот дел – како ќе биде применет во практиката. Законот промовира концепт кој е многу развиен во западните земји. Имено, станува збор за одржливи јавни набавки, и токму затоа голем дел од законот го акцентира т.н. животен век на јавните набавки, односно промовира највисока вредност за вложените средства. Новите законски решенија имаат бројни иновативни концепти. Договорните органи ќе имаат можност да се определат за економски најповолната понуда или за најниската цена, но со акцент ставен на квалитетот, решение кое постоеше и во минатото“, образложува Каранфилов, кој на 31.1.2019 ќе биде предавач на обуката „Спроведување постапки за јавни набавки во согласност со новиот Предлог-закон за јавните набавки“, во организација на Академик.

Новиот Закон за јавните набавки го промовира концептот на одржливи јавни набавки – Кирил Каранфилов, претседател на Државната комисија за жалби по јавни набавки

Се воведуваат е-планови и е-жалби за потранспарентни јавни набавки

Министерството за финансии во врска со реформите и јавните финансии

Бирото за јавни набавки ќе врши контрола на ризиците од корупција при јавните набавки

Предлог-законот за јавните набавки пред Законодавно-правната комисија

Новините за јавните набавки образложени на комисиска расправа во Собранието на РМ

Новиот Закон за јавните набавки во собраниска процедура

Анализа за транспарентноста, отчетноста и интегритетот во јавните набавки

Многу ниска конкуренција на локалните тендери

Најниската цена, задоцнетото плаќање и обемната документација – проблеми за фирмите при јавните набавки

Намалување на бројот на предмети пред Државната комисија за жалби по јавни набавки

Дебата за Нацрт-законот за јавни набавки: Најавени транспарентни постапки, но и посебен закон за набавки од областа на одбраната и безбедноста

Правото на жалба и битните повреди на законот во Нацрт-законот за јавните набавки

Дел од решенијата предложени во Нацрт-законот за јавни набавки отвораат повеќе дилеми за градежниците

ЈАВНА ДЕБАТА ЗА НОВИНИТЕ ВО ЈАВНИТЕ НАБАВКИ: „Новиот закон ќе го подобри квалитетот на јавните набавки“

ЈАВНА ДЕБАТА ЗА ЗАКОНСКИТЕ РЕФОРМИ ВО ЈАВНИТЕ НАБАВКИ: Покрај најниската цена, да се вреднува и квалитетот

Новата алатка која овозможува отворени податоци на електронскиот систем на јавни набавки

Објавен е текстот на Предлог-законот за јавните набавки кој е во фаза на подготовка

Огромни разлики во цените по кои се купувани исти производи и услуги

Во подготовка измени на Законот за јавните набавки

М.В