/Прочитано:

851

Предлог-законот за јавните набавки пред Законодавно-правната комисија

Новиот Предлог-закон за јавните набавки е на дневен ред на Законодавно-правната комисија. Претходно зелено светло за Законот, кој е со европско знаменце, даде собраниската Комисија за европски прашања.

Предлог-законот за јавните набавки, истакнаа од Комисијата за европски прашања, е прифатлив и треба да се даде на натамошно читање, од аспект на неговата усогласеност со правото на ЕУ.

„Новиот Закон за јавни набавки е усогласен со законодавството на Европската Унија. Тој ќе обезбеди рационално трошење на државните пари, слободна и фер конкуренција и транспарентност при јавните набавки“, истакна министерот за финансии, Драган Тевдовски, на комисиската расправа за Предлог-законот во Собранието на РМ, додавајќи дека она што е најважно е што се воведува економски најповолната понуда како единствен критериум за доделување на договорите.

Со воведувањето на економски најповолната понуда како критериум за доделување на договорите, освен што се врши усогласување со директивите, се отстрануваат и повеќекратните негативни ефекти од досегашното користење на критериумот најниска цена.

Новините за јавните набавки образложени на комисиска расправа во Собранието на РМ

Новиот Закон за јавните набавки во собраниска процедура

Анализа за транспарентноста, отчетноста и интегритетот во јавните набавки

Многу ниска конкуренција на локалните тендери

Најниската цена, задоцнетото плаќање и обемната документација – проблеми за фирмите при јавните набавки

Намалување на бројот на предмети пред Државната комисија за жалби по јавни набавки

Дебата за Нацрт-законот за јавни набавки: Најавени транспарентни постапки, но и посебен закон за набавки од областа на одбраната и безбедноста

Правото на жалба и битните повреди на законот во Нацрт-законот за јавните набавки

Дел од решенијата предложени во Нацрт-законот за јавни набавки отвораат повеќе дилеми за градежниците

ЈАВНА ДЕБАТА ЗА НОВИНИТЕ ВО ЈАВНИТЕ НАБАВКИ: „Новиот закон ќе го подобри квалитетот на јавните набавки“

ЈАВНА ДЕБАТА ЗА ЗАКОНСКИТЕ РЕФОРМИ ВО ЈАВНИТЕ НАБАВКИ: Покрај најниската цена, да се вреднува и квалитетот

Новата алатка која овозможува отворени податоци на електронскиот систем на јавни набавки

Објавен е текстот на Предлог-законот за јавните набавки кој е во фаза на подготовка

Огромни разлики во цените по кои се купувани исти производи и услуги

Во подготовка измени на Законот за јавните набавки

М.В