/ Прочитано:

560

Предлог-законот за јавните набавки во областа на одбраната и безбедноста пред Комисијата за европски прашања

Предлог-законот за јавните набавки во областа на одбраната и безбедноста е на второ читање пред собраниската Комисија за европски прашања. Законот е во собраниска процедура со европско знаменце.

Основни цели на законот се усогласување со Директивата за јавни набавки во областа на одбраната и безбедноста 2009/81/ЕУ.

Јавните набавки во областа на одбраната и безбедноста во досегашната пракса не беа уредени со посебен закон во согласност со европските директиви, поради што се јави потреба од донесување на посебен закон за набавките во овие области. Имено, во ЕУ е донесена посебна Директива 2009/81/ЕУ, која ги уредува набавките од областа на одбраната и безбедноста.

Иако станува збор за слична материја како и во основниот Закон за јавните набавки, се вели во законското образложение, постојат одредени специфики и разлики кои доведоа до потребата оваа област да се уреди со посебен закон.

„Станува збор за сложен систем кој вклучува многу засегнати страни, како од јавниот така и од приватниот сектор, кој содржи бројни постапки низ кои се трошат многу јавни средства. Од тие причини, системот на јавните набавки се базира на начелата на јавност и транспарентност, еднаков третман на економските оператори и рационално користење на јавните средства, со што ќе се добие најдобра вредност за потрошените пари“, се вели во законското образложение.

Усвоен Предлог-законот за јавните набавки во областа на одбраната и безбедноста

Јавните набавки во областа на одбраната и безбедноста ќе се уредат со посебен закон

М.В