/ Прочитано:

1.473

Предлог-законот за јазиците на прво читање во собраниската Комисија за европски прашања

Според најавата од Собранието на РМ, собраниската Комисија за европски прашања денеска треба да одржи седница на која треба да го разгледа новиот предлог-закон за употреба на јазиците, кој е во фаза на прво читање. Според вицепремиерот Бујар Османи, законот е унапредување на Рамковниот договор и тој за ваквото законско решение очекува поддршка од пратениците.

За професорите, пак, од Институтот за македонски јазик, Охридскиот рамковен договор, во делот на употребата на јазиците, е во целост почитуван, но со предлог-законот се излегува од тој договор, а повлекува и промена на Уставот на РМ. Професорите бараат итно повлекување на предложеното законско решение.

Повеќе за текстот на предложеното законско решение на следниов линк: Што сe предвидува во предлог-законот за употреба на јазиците според законското објаснување

ТЕКСТОТ НА ПРЕДЛОГ-ЗАКОНОТ ЗА УПОТРЕБА НА ЈАЗИЦИТЕ: Образложение и законски одредби

М.В