/ Прочитано:

999

Предлог-законот за класифицирани информации пред Комисијата за одбрана и безбедност

Предлог – законот за класифицирани информации е на дневен ред на собраниската Комисија за одбрана и безбедност.

Целта на Предлог-законот за класифицирани информации, се вели во законското образложение, е уредување на системот за заштита на класифицирани информации во Република Северна Македонија, со одржување на високо ниво на усогласеност со регулативите на НАТО и ЕУ.

„Во новиот Предлог-закон за класифицирани информации се дадени решенија насочени кон одржување високо ниво на усогласеност со регулативите на НАТО и ЕУ, следење на тековните трендови во практиките при ракувањето со класифицираните информации, како и кон прецизирање на одредени прашања поврзани со други области што се во корелација со работата на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации.

Во предложените измени и новите решенија во Предлог-законот за класифицирани информации, акцентот пред сè е на усогласувањето со Законот за инспекциски надзор, обезбедувањето заштита на лицата кои ќе пријават класифицирана информацијата со која се прикрива пречекорување на овластување, злоупотреба на функцијата или некое друго незаконско дејствие, односно казниво дело до надлежен орган согласно Законот за заштита на укажувачите, како и пополнување на постојната правна празнина со додавање инкриминации за лицата што ќе оддадат класифицирана информација со понизок степен на класификација од ‘државна тајна’ (во моментов во Кривичниот законик постои инкриминација само за одавање на државна тајна, но не и за класифицирани информации со пониските степени на класификација).

Во Предлог-законот за класифицирани информации се прецизираат и одредени прашања од доменот на работата на надлежностите на Дирекцијата што произлегуваат од започнатите пристапни разговори со НАТО“, се образложува во Предлог-законот.

Предлог-законот за класифицирани информации со европско знаменце во собраниска процедура

Утврден Предлог-законот за класифицирани информации

Новиот Закон за класифицирани информации со европско знаменце во собраниска процедура

Нов закон кој се однесува на системот за заштита на класифицирани информации

Најавен нов Закон за класифицирани информации усогласен со регулативите на НАТО и ЕУ

М.В