Предлог-законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции пред Комисијата за здравство
Предлог-законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции е на прво читање пред собраниската Комисија за здравство. Со предложените решенија, се посочува во законското образложение, ќе се обезбеди подобра контрола на опојните дроги и психотропните супстанции.
„Со новиот предлог-закон се овозможува извоз на сув цвет добиен со одгледување на канабисот за медицински цели, така што на правните лица одгледувачи на канабисот им е овозможено веќе произведените количини на сув хербален производ како опојна дрога да ги пласираат на пазарите во Европа и пошироко, при тоа почитувајќи ги меѓународните конвенции и европското законодавство што ја регулира материјата.
Досега во Република Северна Македонија одобрение за одгледување на канабис за медицински цели по претходно добиена согласност од Владата на Република Северна Македонија имаат добиено дваесет и девет фирми, со тенденција тој број да се зголемува. Интересот за инвестирање во Република Северна Македонија за одгледување на канабис за медицински цели е поради поволната бизнис-клима, како и евтината работна сила на пазарот на трудот. Интересот е зголемен и поради рапидно зголемената цена на светската берза на маслото од канабис и сувиот цвет од растението канабис.
Надзорот над спроведувањето на овој закон и прописите врз основа на овој закон ги вршат Министерство за здравство, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерство за внатрешни работи, Агенција за лекови и медицински средства, Министерство за финансии-Царинска управа на РСМ, Агенција за контрола на одгледувањето и екстракцијата на канабис и производство на канабис и производи од канабис за медицински и научни цели и други државни институции“, се вели во образложението на Предлог-законот.
Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции со европско знаменце во Собранието
Заклучоци од јавната расправа за економските и здравствените придобивки од легализација на канабисот
Измени на Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции во врска со извозот
Канада – легализација на канабисот чија цел е и спречување на криминалот
Се одржа втората научна трибина посветена на употребата на канабисот во медицински цели
Се основаше Здружение за декриминализација на канабисот
М.В