/ Прочитано:

661

Предлог-законот за општа безбедност на производите во собраниска процедура

Предлог-законот за општа безбедност на производите е во собраниска процедура по скратена постапка. Законот, чиј предлагач е Владата, е во собраниска процедура со европско знаменце.

„Предлог-законот за општа безбедност на производите има за цел: создавање сеопфатна правна рамка за креирање на единствен пазар со Европска Унија и пуштање на пазар на производите, односно се исполнуваат обврските за отпочнување на преговори за најзначајната област за Поглавјето 3.01. Слободно движење на стоки и обврска од Спогодбата за стабилизација и асоцијација член 68, кој се однесува на законодавството за внатрешен пазар, склучен помеѓу Европската Унија и   Република  Северна Македонија.

Цели на предлог-регулативата се:

Да се обезбеди дека производите се безбедни кога се пуштаат во промет, ставаат во употреба или се употребуваат особено поради: остварување и заштита на јавниот интерес; заштита на животот и здравјето на луѓето, животните и растенијата и заштита на животната средина и природата и заштита на потрошувачите и на другите корисници на производите и заштита на имотот.

Да се дефинираат правата и обврските на производителите и на дистрибутерите во поглед на пласман на безбедни производи

Да се предвидат механизми со кои ќе се зајакне соработката на надлежните државни органи во насока на гарантирање на безбедност на производите на пазарот

Да се обезбедат механизми за размена на информации помеѓу надлежните државни органи и со Европската унија во врска со опасните производи и мерките поврзани со нивен поврат од потрошувачите или повлекување од пазарот.

Со Предлог-законот ќе се креира модерна законска рамка, којa, од една страна обезбедува високо ниво на заштита на правата на граѓаните на пазарот да им се достапни само безбедни производи, а истовремено гарантира полесни услови за деловно работење; да се зајакне административниот капацитет на Министерството за економија одговорно за спроведување на политиката за заштита на потрошувачите и политиката за безбедност на производите како дел од неа,  да се воспостави соодветна административна структура за развој и координација на оваа политика со сите други засегнати страни, да се обезбедат адекватни услови за имплементација на политиките за безбедност на производи, сѐ со цел да се постигне понатамошен напредок во оваа област“, се посочува во законското образложение.

M.В