/ Прочитано:

1.087

Предлог-законот за основното образование има сериозни недостатоци, велат од  Мрежата за заштита од дискриминација

„Мрежата за заштита од дискриминација ја поздравува заложбата на Министерството за образование и наука за надминување на сегрегацијата на учениците со попреченост преку нивно вклучување во редовното образование. Потсетуваме дека посебните училишта претставуваат сегрегација, како форма на дискриминација која е забранета и со Законот за спречување и заштита од дискриминација.  Сепак, би сакале да укажеме дека Предлог-законот за основното образование има сериозни недостатоци од аспект на гаранциите за вклучување на учениците со попреченост во редовниот образовен процес и начинот на кој тоа ќе се спроведе“, соопштуваат од Мрежата.

Најнапред, додаваат од Мрежата, законот е донесен на нетранспарентен и неинклузивен начин. Министерството ги игнорираше барањата и сугестиите на граѓанските организации во однос на заштита од насилство, дискриминација и инклузија на децата со попреченост. Предлог-законот не содржи јасна одредба со која се предвидува дека децата со попреченост ќе се запишуваат во редовните училишта, па оттука се остава простор оваа заложба да не се спроведе, или пак да се спроведува делумно.

Неопходна е јасна и недвосмислена законска гаранција која ќе овозможи правна сигурност и конкретна заложба за надминување на сегрегацијата на учениците со попреченост.

Овој предлог-закон ги исклучува децата со оштетен вид од редовните училишта, за кои единствено е потребна асистивна технологија и прилагодување на училишните објекти, и не постои оправдување да не се вклучат во редовното образование. Фокусот на посебните паралелки или т.н. центри за поддршка на учењето, во Предлог-законот е спротивен на заложбата за вклучување на децата со попреченост во редовните училишта, со што се заменува една форма на сегрегација со друга.

Дополнително, Предлог-законот предвидува законска можност часот да трае пократко за децата со попреченост, доколку тоа е предвидено со индивидуалниот образовен план. Во одредени ситуации, може да биде оправдано пократкото траење на часот, но ова прашање не треба да се уреди со закон и да се третира како правило, наместо исклучок. Потребата за инклузија на децата со попреченост во редовното образование не се темели исклучиво на отстранувањето на физичката сегрегација, туку клучен дел од проблемот е што овие деца наместо да добиваат повеќе внимание и поддршка, образованието ги третира како помалку способни, не оставајќи им можност да го дадат најдоброто од себе и да станат конкурентни на пазарот на трудот. Апелираме до Собранието да спроведе транспарентен и инклузивен процес на носење на Законот преку организирање јавна расправа, да ги земе предвид забелешките на сите заинтересирани страни и да го унапреди ова законско решение преку амандмани“, истакнуваат од Мрежата.

„По донесување на Законот за основното образование, бараме Министерството за образование и наука да го испланира соодветно процесот на инклузија, со вклучување на сите засегнати страни, да обрне должно внимание на обезбедувањето на технички и човечки капацитети за да се овозможат услови за успешна инклузија преку инвестирање во образованието. Воедно, апелираме до сите заинтересирани страни наместо да се противат на инклузијата, да ги искористат своите капацитети за унапредување на процесот“, додаваат од Мрежата.

Јавна расправа за Предлог-законот за основното образование

Целосниот текст на новиот Предлог-закон за основното образование

Во подготовка Закон за наставници во основните и средните училишта и Закон за основното образование

Потребни се реформи за сите деца да имаат право на еднакви можности за учење

Правата и обврските на учениците според Законот за основното образование

Законски измени за непречено остварување на правото на бесплатен превоз на учениците

Во подготовка втората верзија на Законот за основното образование

Што се предвидува во Предлог-законот за основното образование, кој се очекува да биде донесен пред новата учебна година

Клучните промени во основното образование и новите наставни планови и програми за прво одделение

РЕВИЗИЈА НА НАСТАВНИТЕ ПЛАНОВИ И ПРОГРАМИ: Да се развие љубов, а не фрустрација кон учењето

Ревизија на учебниците од дискриминаторски содржини, говор на омраза и невистинити факти

Ќе се намалува бројот на предмети во училиштата

За квалитетно основно образование, потребни се јасни учебници и мотивирани ученици

ПЕТКИ ВО ДНЕВНИК – ЕДИНИЦИ НА ПИСА: Тркалезна маса за подобрување на квалитетот на основното образование

М.В