/ Прочитано:

1.228

Предлог-законот за отпис на камати и репрограмирање на долгови во собраниска процедура

Предлог-законот за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на физички лица во услови на ковид-19 е во собраниска процедура по скратена постапка.

„Со Предлог-законот за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на физички лица во услови на ковид-19 се уредуваат условите, начинот и постапката за отпишување на пресметани камати по основ на долгови на физичките лица кон државните органи и јавните институции и даночни долгови, како и репрограмирање на главниот долг и трошоците, на физичките лица кои доспеале за плаќање заклучно со денот на влегување во сила на предлог-законот. Ова законско решение се носи како дел од петтиот пакет економски мерки наменет за граѓаните и за компаниите, усвоен од страна на Владата на Република Северна Македонија.  Главна цел на донесувањето на овој закон е спроведување на еднократна помош за решавање на проблемот на физичките лица со задоцнето плаќање на долговите кон државните органи и јавните институции и даночните долгови со цел ревитализација на економијата за време на ковид-19 пандемијата“, се вели во законското образложение.

М.В