/ Прочитано:

1.525

Предлог-законот за ратификација на Северноатлантскиот договор во собраниска процедура

Предлог-законот за ратификација на Северноатлантскиот договор е во собраниска процедура.

„Се ратификува Северноатлантскиот договор, потпишан во Вашингтон на 4 април 1949 година, како што е изменет со Протоколот кон Северноатлантскиот договор за пристапување на Грција и Турција, потпишан во Лондон на 17 октомври 1951 година“, стои во Договорот кој се однесува на членството на Македонија во НАТО.

„НАТО или Северноатлантската алијанса е политичка  и меѓународнa безбедносна организација,  создадена со потпишување на Северноатлантскиот договор на 4 април 1949 година од страна на  12 држави основачи од Европа и Северна Америка.

Северноатлантскиот договор содржи 14 одредби,  во кои се наведени основните принципи на оваа организација основана како организација за колективна одбрана и заемна помош меѓу членките. Колективната одбрана се смета за главен принцип или темел на Сојузот. Притоа, правото на самоодбрана се смета за основно право на секоја држава предвидено во членот 51 од Повелбата  на ООН. Во случај на оружен напад против една од државите членки на НАТО, секоја земја членка тоа ќе го смета како акт на агресија над сите држави членки на НАТО и ќе разгледа да се преземат неопходните активности за помош на нападната држава. Важно е да се напомене дека според членот 3 од Договорот, секоја од државите во овој сојуз треба да изгради и да поседува сопствени одбранбени капацитети за спротивставување на оружените напади, како и дека страните ќе ги одржуваат и ќе ги развиваат исто така и колективните капацитети за спротивставување на оружените напади“, се образложува во текстот на Предлог-законот, чиј предлагач е Владата.

М.В