/ Прочитано:

1.102

Предлог-законот за стратешки инвестиции во собраниска процедура

Предлог-законот за стратешки инвестиции е во собраниска процедура по скратена постапка. Предлагач на Законот е Владата. Целта на Предлог-законот за стратешки инвестиции е да се овозможи реализација на големи инвестициски проекти значајни за државата.

„Со Предлог-законот за стратешки инвестиции во РСМ се поттикнува, привлекува и создава услови за спроведување на стратешките инвестиции во Република Северна Македонија, зголемување на економски пораст, вработување и примена на нови технологии и иновации, зголемување на конкурентските економски можности на Република Северна Македонија, зголемување на извозот и намалување на трговскиот дефицит и подобрување на добросостојбата и условите за живеење на граѓаните на Република Северна Македонија“, се вели образложението на Предлог-законот.

М.В