Предлогот на автентичното толкување се усвојува со истото мнозинство со кое се донесува законот на кој се дава автентичното толкување
Во Уставот на РМ се пропишува дека Собранието на Република Македонија донесува закони и дава автентично толкување на законите. Предлогот на автентичното толкување се усвојува со истото мнозинство со кое се донесува законот на кој се дава автентичното толкување, се пропишува во членот Член 176 од Деловникот на Собранието на РМ.
Постапката за барање автентично толкување во Деловникот на Собранието на РМ
Прашањето за барањето за автентично толкување на закон подетално е регулирано во членот 176 од Деловникот на Собранието на РМ, каде што се пропишува дека барање за давање на автентично толкување на закон може да поднесе секој пратеник, Владата, Уставниот суд на Република Македонија, Врховниот суд на Република Македонија, Јавниот обвинител на Република Македонија, народниот правобранител, градоначалниците на општините и на Градот Скопје и советите на општините и на Градот Скопје, доколку потребата од автентично толкување настанала во врска со примена на законите во нивното работење.
Барањето за давање на автентично толкување на закон се поднесува до претседателот на Собранието и содржи назив на законот, одредбите на кои се бара толкување и причините за тоа. Барањето за давање на автентично толкување на закон, претседателот на Собранието го упатува до Законодавно-правната комисија и до Владата.
По барањето за давање на автентично толкување на закон, се пропишува понатаму во Деловникот, Законодавно-правната комисија може да бара мислење од матичното работно тело на Собранието.
Законодавно-правната комисија, откако ќе прибави мислења од Владата и од матичното работно тело, оценува дали барањето за давање на автентично толкување е оправдано. Ако Законодавно-правната комисија оцени дека барањето за давање на автентично толкување е оправдано, изготвува предлог на автентично толкување и го доставува до Собранието.
По предлогот за автентично толкување на закон и евентуално по поднесени амандмани, Собранието расправа и одлучува на иста седница.
Предлогот на автентичното толкување се усвојува со истото мнозинство со кое се донесува законот на кој се дава автентичното толкување.
Ако Законодавно-правната комисија оцени дека барањето за давање на автентично толкување не е оправдано, ќе поднесе извештај на Собранието, кое одлучува по барањето. За одлуката на Собранието се известува подносителот на барањето.
Според претседателот на Врховниот суд, законските одредби за СЈО се јасни
Законските надлежности на Врховниот суд
Според претседателот на Врховниот суд, законските одредби за СЈО се јасни
Кривичниот суд: Јавниот обвинител да се произнесе за постапувањето во предметите на СЈО
Постапката за барање автентично толкување во Деловникот на Собранието на РМ
Врховниот суд треба да одржи општа седница по повод иницијативите во врска со истрагите на СЈО
Соопштение на Врховниот суд за одржување седница по повод иницијативите во врска со истрагите на СЈО
М.В