/ Прочитано:

3.738

Предложен кодекс за етичко однесување на пратениците во Собранието на РМ

Група пратеници во Собранието на РМ поднесоа Предложен кодекс за етичко однесување на пратениците во Собранието на РМ  за етичко однесување на пратениците во Собранието на РМ.Целта на овој кодекс е зачувување и афирмирање на достоинството и угледот на Собранието и пратениците. Овој кодекс, се вели понатаму во документот, има цел да ја зголеми довербата на граѓаните и јавноста во основните вредности и интегритетот на функцијата пратеник како индивидуа и на Собранието како претставнички орган на граѓаните на Република Македонија и носител на законодавната власт.

Пратеникот во вршењето на својата функција треба да се придржува кон основните етички начела, да ја извршува својата функција без дискриминација, да се води од јавниот интерес и да ја почитува личноста на секој поединец.

Пратеникот, се истакнува во Предлог-кодексот, не смее да ги прекинува говорниците и да дофрлува од местото или на кој било начин да го нарушува текот на седницата и да користи навреди, фрази и гестикулации со кои можат да се навредат другите пратеници или носители на јавни функции. Пратеникот се воздржува од говори со кои може да предизвика омраза и насилство.

Пратеникот, се нагласува во Предлог-кодексот, треба да ги почитува правилата на однесување, правилата кои се однесуваат на спречување на судирот на јавниот и приватниот интерес, забраната на корупција и забраната на примање подароци. Во Предлог-кодексот се нормираат лесни и тешки повреди на кодексот, за кои се предвидуваат и мерки, како што се: опомена за лесните повреди и јавна опомена за тешките повреди.

М.В