Предложен полициски час од 22:00 часот навечер до 5:00 часот наутро

„Предложивме воведување на полициски час од 22:00 часот навечер до 5:00 часот наутро, на територија на цела држава започнувајќи од среда (10.3). Овој предлог е поради тоа што изминативе недели најмногу инфицирани има поради трансмисија на вирусот преку собири, но и непочитување на воведените мерките за носење заштитна опрема, држење дистанца и негрупирање. Апелирам на дисциплина којашто во моментов ни е најпотребна затоа што тоа единствениот начин да се спречи неконтролирано ширење на ковид 19“, објави денеска министерот за здравство, Венко Филипче.