/ Прочитано:

2.029

Предложен закон сопствениците да ги кастрираат своите кучиња кои се во репродуктивен период

Група пратеници во Собранието на РМ поднесоа Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за заштита и благосостојба на животните.

Со Законот за заштита и благосостојба на животните, се вели во законското образложение, меѓу другото, се пропишуваат минималните барања за заштита и благосостојба на животни во однос на нивното одгледување, чување, грижа и сместување, како и заштита и благосостојба на домашните миленици и бездомни животни.

„Со цел да се спречи неконтролираното и неограничено зголемување на бројот на улични кучиња, кои во најголем дел потекнуваат од размножување на домашните миленици, потребно е изменување и дополнување на Законот и  законска регулација на ова прашање.

Имајќи го предвид тоа дека секое куче женка во репродуктивниот период продуцира десетина младенчиња годишно и тоа дека најголем број од нив завршуваат на улица како улични кучиња, неопходно е да се најде законско решение за надминување на проблемот“, се образложува во предложените измени.

Со Предлог-законот, се вели понатаму во законското образложение, ќе се спречи неконтролираното зголемување на уличните кучиња и ќе се створи законска обврска на сопствениците на  домашни кучиња да ги кастрираат, односно ојаловат истите, со исклучок на  сопствениците на одгледувачници на кучиња.

Поконкретно, во законските измени се предлага дека сопствениците на кучиња во репродуктивен период се должни да ги кастрираат, односно ојаловат своите кучиња во установите, во ветеринарните амбуланти, клиники и болници освен оние сопственици што имаат регистрирано одгледувачници на кучиња. Трошоците за овие постапки се на товар на сопствениците на кучињата.

Иницирани законски измени за решавање на проблемот со бездомните кучиња

М.В