/ Прочитано:

1.166

Предложени измени на Законот за административни службеници во врска со престанокот на работниот однос

Во Собранието предложени се измени на Законот за административни службеници. Со предложената измена, се вели во измените, прецизно се уредува престанокот на работниот однос на административниот службеник по сила на закон, со исполнување на услови за старосна пензија.

„На административниот службеник му престанува работниот однос по сила на закон, ако:

– ја загуби работната способност со денот на доставувањето на правосилното решение за утврдување на загубената работна способност,

– му престане државјанството на Република Северна Македонија, со денот на доставувањето на решението за отпуст од државјанство на Република Северна Македонија,

– биде осуден за кривично дело во врска со службената должност, со денот на правосилноста на пресудата,

– му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност, со денот на правосилноста на пресудата,

– поради издржување на казна затвор во траење подолго од шест месеци, со денот на започнувањето на издржување на казната,

– наполни 64 години возраст и 15 години пензиски стаж,

– неоправдано отсуствува од работа најмалку три работни дена последователно во еден месец,

– се утврди дека при вработувањето премолчил или дал невистинити податоци во однос на општите и посебните услови за вработување,

– во рок од три работни дена не се врати на работа по завршувањето на неплатеното отсуство,

–  неоправдано отсуствува од работа најмалку пет работни дена во текот на една календарска година,

– органот на државната управа надлежен за инспекциски надзор во рок од една година утврди дека вработениот е вработен спротивно на одредбите од овој закон и

– други услови согласно со овој закон и посебните закони“, се пропишува во предложеното законско решение.

Прекин на договорот за вработување кога работникот ќе наполни 64 години возраст, предлагаат група пратеници

М.В