/ Прочитано:

725

Предложени измени на Законот за енергетска ефикасност по скратена постапка

Владата во Собранието поднесе измени на Законот за енергетска ефикасност, по скратена постапка.

„Измената на законот се заснова на истите начела под кои е донесен законот. Потребно е во најбрз можен рок да се направат законски измени во поглед на продолжување на роковите во членот 58 од Законот за енергетска ефикасност со цел да не настане правен вакуум кога овластените енергетски контролори и лиценцирани правни лица за вршење на енергетски контроли нема да поседуваат овластување, односно лиценца, како препознаен правен акт во правниот промет за вршење на енергетски контроли во зградите. Од тие причини се предлага рокот на издадените овластувања за вршење на енергетска контрола и издадените лиценци за вршење на енергетска контрола да се продолжи до 30 септември 2022 година, имајќи предвид дека по донесување на овој пакет подзаконски акти, потребно е да следуваат низа активности, односно лицата кои веќе поседуваат овластување да посетат обука за усовршување и да се стекнат со овластување за вршење на енергетска контрола според новиот закон. Едновремено, по донесување на Програмата за обука и усовршување на енергетски контролори на згради, ќе отпочне во целост да функционира Законот за енергетска ефикасност во делот на зградите, во согласност со барањата од Директивата за енергетски карактеристики на згради“, се вели во законското образложение.

М.В