Предложени измени на Законот за финансиска поддршка на инвестиции

Во собраниска процедура се измени на Законот за финансиска поддршка на инвестиции.

„Со овој закон се уредуваат видовите, висината, условите, начинот и постапката за доделување на финансиска поддршка на инвестициите на деловните субјекти кои ќе инвестираат во Република Северна Македонија и истиот претставува шема на помош согласно прописите со кои се уредува контролата на државната помош.

Со овие измени и дополнувања на законот се прошируваат видовите на финансиска поддршка за технолошки развој и истражување, поддршка за инвестициони проекти од значаен економски интерес, поддршка за преземање на претпријатија во тешкотии и конкурентност на пазарот.

Со овие измени и дополнувања, исто така, се регулира финансиската поддршка на државјани со постојан и привремен престој во и вон РСМ, а воедно се претставуваат и условите за рамномерен регионален развој. Воедно, допрецизирано е кои субјекти можат, а кои не можат да бидат корисници на финансиска поддршка. Исто така, проширена е листата на оправдани инвестициски трошоци“, се вели во образложението на предлог-законот, кој го предлага Владата.

М.В