/ Прочитано:

1.327

Предложени измени на Законот за градежно земјиште по скратена постапка

Владата во Собранието поднесе измени на Законот за градежно земјиште, по скратена постапка.

Со Законот за градежното земјиште се уредуваат правата и обврските во поглед на градежното земјиште, уредувањето на градежното земјиште, условите и начинот на располагање со градежното земјиште, договорите за отуѓување и договорот за давање под долготраен закуп на градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија, како и други прашања од областа на градежното земјиште.

„Согласно извадок од Нацрт-записникот од Шеесет и четвртата седница на Владата на Република Северна Mакедонија одржана на 6 април 2021 година, со кој Владата на Република Северна Македонија заклучи Заклучоци од Педесет и деветтата седница на Владата на Република Северна Македонија, одржана на 30 март 2021 година, во делот на прашања и предлози, по точка 56: ‘Информација за имплементација на петтиот сет економски мерки за ревитализација на економијата во услови на ковид-19’, е предложена Мерка 25, со која Министерството за транспорт и врски се задолжува да подготви и достави до Владата на Република Северна Македонија предлог-законски измени со цел реализација на мерката – ослободување од договорни обврски (плаќање пенали) за договори потпишани со ЕЛС на компании погодени од кризата.

Имено, од причина што Владата на Република Северна Македонија со Мерката 25 дефинирала ослободување од договорни обврски (плаќање пенали) за договорите потпишани со ЕЛС на компании погодени од кризата, како и од причина што согласно материјалните одредби од член 74 став (1) точка 7) од Законот за градежно земјиште, но исто така и со членот 75 став (1) точка 9 од Законот за градежно земјиште е предвидена договорна казна за непочитување на рокот за прибавување на одобрение за градење и рокот за изградба на објектот кога земјиштето се отуѓува по пат на јавно наддавање во висина од 1,5% од вкупно постигнатата цена на јавното наддавање на предметното земјиште за секој изминат месец во првата година од истекот на рокот, односно 3% од вкупно постигнатата цена на јавното наддавање на предметното земјиште за секој изминат месец во втората година од истекот на рокот, односно 4,5% од вкупно постигнатата цена на јавното наддавање на предметното земјиште за секој изминат месец во третата и секоја наредна година од истекот на рокот и купувачот е должен до општините, општините во Градот Скопје и Градот Скопје да доставува потврда за извршена уплата на договорната казна за секој изминат месец, Министерството за транспорт и врски постапувајќи по задолжувањето на Владата на Република Северна Македонија предлага измени и дополнувања на Законот за градежно земјиште.

Воедно, се предлага изменување на членот 51 ставот 1 алинеите 4 и 5 од причина што е направена техничка грешка“, се вели во законското образложение.

М.В