/ Прочитано:

1.881

Предложени измени на Законот за извршување на санкциите

Група пратеници во Собранието предложија измени на Законот за извршување на санкциите. Со измените, посочуваат пратениците, се врши изменување и дополнување на дел од одредбите од Законот за извршување на санкциите кои се однесуваат на допрецизирање на одредбите за основање на посебни оддeленија за осудени лица странски државјани и лица без државјанство, како и тоа одделенија за осудени лица со висок и многу висок ризик да се основаат во установи каде што постојат услови. Исто така, со измените се врши допрецизирање на одредбите од законот во однос на престанок на работниот однос на припадникот на затворската полиција по сила на закон, со навршени 40 години пензиски стаж на работникот, без оглед на неговите години на возраст.

„Законот за извршување на санкциите има големо значење во заштитата и остварувањето на загарантираните слободи и права на осудените лица. Со овој закон, исто така, се уредуваат  прашањата од областа на извршувањето на санкциите, како и работните односи на вработените во казнено-поправните и воспитно-поправните установи, со акцент на работните односи на припадниците на затворската полиција.

Потребата од предложените измени и дополнувања за Законот за извршување на санкциите се наметна со цел  да се отстранат тешкотиите во спроведувањето на одредбите од законот во делот кој се однесува на престанок на работниот однос кај припадниците на затворската полиција како и други законски решенија кои во постојниот закон не се докрај прецизно регулирани.

Исто така, со Предлог-законот се дава можност да се основаат посебни одделенија за осудени лица странски државјани и лица без државјанство, како и одделенија за осудени лица со висок и многу висок ризик доколку постојат услови за основање во установата, а не само во установи од затворен вид како што е постојното законско решение“, се вели во законското образложение.

Извештај за состојбите и условите во казнено-поправните установи

Правилник за куќен ред: „При извршување на мерката притвор се чува телесното и душевното здравје на притвореното лице“

Предлог-законот за извршување на санкциите пред Законодавно-правната комисија

АКРМ: Адвокатите да достават коментари на Предлог-законот за извршување на санкциите

Заклучоци од јавната расправата за Предлог-законот за извршување на санкциите

Тркалезна маса за пенитенцијарниот систем и пробациската служба

Градот Скопје и Управата за извршување на санкциите потпишаа меморандум за соработка

Примарната улога на затворите е корекција на однесувањето на лицата кои сториле кривично дело

Во подготовка измени на Законот за извршување на санкциите

Електронските алки за следење на осудениците конечно ќе бидат ставени во функција, најавуваат од Управата за извршување санкции

СТАПУВА ВО ПРИМЕНА НОВИОТ ЗАКОН ЗА ПРОБАЦИЈА: Пробациска служба и алтернативни мерки изречени во кривична постапка

ПРЕДИЗВИЦИТЕ ОД ЗАКОНОТ ЗА ПРОБАЦИЈА: Англиски, велшки и хрватски искуства за општокорисната работа и за условниот отпуст

Издржувањето на условниот отпуст во заедницата ќе го намали повторувањето на делата

СЕ ВОВЕДУВА ПРОБАЦИСКАТА СЛУЖБА: Законот за пробација и измените на КЗ пред пратениците

МИНИСТЕРСТВО ЗА ПРАВДА: Донесувањето на Закон за пробација е нужност

ПРОБАЦИСКА СЛУЖБА: Електронски алки за лицата со изречена казна куќен затвор или мерка притвор

М.В