/ Прочитано:

345

Предложени измени на Законот за концесиии и јавно приватно партнерство

Владата во Собранието поднесе измени на Законот за концесиии и јавно приватно партнерство, по скратена постапка.

„Во Република Северна Македонија доделувањето на договорите за концесиите на добра од општ интерес и договорите за воспоставување на јавно приватно партнерств, правната заштита во постапката, како и други прашања во врска со концесиите на добра од општ интерес и договорите за воспоставување на јавно приватно партнерство е уредена со Законот за концесии и јавно приватно партнерство („Службен весник на Република Македонија“ број 6/12, 144/14, 33/15, 104/15, 215/15 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 153/19 и 261/19).
Овој закон се темели на начелата на транспарентност, недискриминација, пропорционалност, ефикасност, еднаков третман и меѓусебно признавање.

Доделувањето на концесија на добра од општ интерес и на јавно приватно партнерство се воспоставува со договор за кој се пропишани посебни одредби во законот, а за сите прашања кои се однесуваат на договорите и не се пропишани со законот се применуваат одредбите од Законот за облигациони односи.

Со Предлог на законот по исклучок се дава можност за продолжување на рокот на договорот поради настан кој не е по вина на концесионерот и кој не можел да се предвиди со склучување на договорот и доколку тој настан влијае на предметот на договорот со последици на финансиското работење на концесионерот. Во ваков случај концесионерот може да бара продолжување на рокот на концесијата само доколку достави детален финансиски извештај до концедентот со кој ќе го оправда продолжувањето на рокот на договорот поради финансиска загуба поради таквиот настан. Концедентот може да даде согласност за склучување на анекс на договорот за продолжување на рокот на концесијата, но не подолго од две години, доколку постои оправданост за тоа и доколку до истекот на концесијата има најмалку пет години од денот на влегувањето во сила на законот“, се вели во законското образложение.

М.В