/ Прочитано:

1.015

Предложени измени на Законот за неевидентирани лица во матичната книга на родени

Пратеничката Љатифе Шиковска поднесе измени на Законот за неевидентирани лица во матичната книга на родени, по скратена постапка.

Со измените, се вели во законското образложение, се овозможува продолжување на рокот на важење на законот и се обезбедуваат услови за решавање на проблемот со неевидентираните лица во матичната книга на родени.

Исто така, со измените се овозможува користење на право доколку лицето има потреба да пријави свое дете кое било родено во болница или во домашни услови, а поради немање на документација родителот/родителите не можеле да го остварат правото за упис, согласно со закон, под исти услови како и државјаните на Република Северна Македонија.

Понатаму, уредува дека лице кое е запишано во посебната матична книга на родени согласно одредбите од законот, по добивањето на извод од посебната матична книга на родени и идентификациона исправа, покрај предвидените права во постојниот закон, односно  правото на образование, здравствена заштита, социјална заштита, вработување со задолжително социјално осигурување, под исти услови како и државјаните на Република Северна Македонија може да оствари и право на и упис во матична книга на родените/умрените.

М.В