/ Прочитано:

5.301

Предложени измени на Законот за пензиското и инвалидското осигурување

Група пратеници во Собранието предложија измени на Законот за пензиското и инвалидското осигурување. Со Предлог-законот за изменување и дополнување ќе се  дорегулираат  одредбите кои се однесуваат на  членувањето во вториот пензиски столб, определувањето на пензијата и други прашања од интерес на осигурениците и корисниците на пензија.

„Во Република Северна Македонија задолжителното пензиско и инвалидското осигурување како област е уредено со Законот за пензиското и инвалидското осигурување.

Заради  доуредување на состојбите во однос на членувањето во вториот пензиски столб, определувањето на пензијата и други прашања од интерес на осигурениците и корисниците на пензија, потребна е предметната измена и дополнување на законот.

Со Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување се врши дополнување на членот 118 во однос на престанокот на членство во вториот пензиски столб на осигуреници на кои стажот на осигурување се смета со зголемено траење.

Во Главата VII се додава категорија на осигуреници вработени во Агенцијата за разузнавање како овластени службени лица со право на стаж на осигурување со зголемено траење (бенефициран стаж) и можност за остварување право на пензија под посебни услови.

Со предложената измена и дополнување исто така се усогласува текстот на законот со Законот за акцизите“, се вели во законското образложение.

М.В